ВИДЕО: Шок за Вест Хем во Лига Купот, Челзи и Ливерпул со рутински победи! 

Екипите на Челзи и Ливерпул без многу проблеми ја потврдија фаворитската улога против Гримзби и Милтон Кејс и обезбедија четврто коло на Лига Купот на Англија, додека Вест Хем Јунајтед им приреди големо разочарување на своите фанови и беше елиминиран од тимот на Оксфорд Јунајтед.

Баркли, Батчујаи (2), Педро, Зума, Хоџсон Одои и Џејмс ја наполнија мрежата на Гримзби и на својот Челзи му донесоа убедлива победа од 7-1. Комбинираниот Ливерпул со речиси ниту еден првотимец во стартниот состав, со головите на Ховер и Милнер со 0-2 го совлада Милтон Кејнс. 

  • Челзи - Гримзби 7-1:

  • МК Донс - Ливерпул 0-2:

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед како сè уште да ја слават победата над Манчестер Јунајтед во Премиер лигата и вечерва неочекувано беа посрамотени од Оксфорд (4-0), со што ги завршија настапите во Лига Купот.

Од премиерлигашите нова фаза обезбеди уште Астон Вила, извојувајќи сигурна победа над Брајтон од 1-3.