• Саше Љолес
Српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ, доживеал потешка повреда на првенствениот натпревар против Ал-Шабаб и најверојатно за него следува подолга пауза.
Доколку се потврди црното сценарио, „Митрогол“ ќе мора веднаш да замине на операција по која ќе паузира најмалку три месеци, што автоматски значи дека ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Германија.
Оваа информација дојде како голем шок за српските навивачи кои очекуваа во тимот да го имаат најробусниот напаѓач, но можно е „орлите“ да бидат значително ослабени во офанзивната линија. Селекторот Драган Стојковиќ изјави дека внимателно ја следи ситуацијата со Митровиќ, но конечната одлука сепак ќе зависи од лекарскиот тим.