• Саше Љолес
Њукасл Јунајтед не ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено (0-0) на гостувањето кај последнопласираниот тим во Премиер лигата - Вулверхемптон.
„Страчките“ имаа скоро 70 проценти посед на топката, создадоа над 15 шанси, но само двапати се заканија директно во рамките на голот, а тоа се покажа како недоволно за освојување на целиот плен.
Њукасл со ова реми остаува на осмото место со 33 бодови, а „волците“ го освоија само осмиот бод сезонава и не се помрднуваат од најдолното место на табелата.
Во следното коло Вулвс гостуваат кај Манчестер Сити, додека Њукасл на домашен терен ќе ја пречека силната и незгодна Астон Вила.

