Шок за Несторовски и Трајковски: Палермо исфрлен во Серија Ц

Екипата на Палермо во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски е исфрлена во Серија Ц од страна на Федералниот суд во Италија.

Судот водеше постапка и реши да го санкционира тимот од Сицилија, поради финансиски нерегуларности во текот на изминатиот период, односно малверзации при продажбата на клубот. Зампарини како претседател претходно го продал калчолигашот за високи пари на компанија, за потоа, за кратко време пак да го откупи за минималец, а судот тоа го оцени како нелегално.

Палермо наместо во горниот дел на табелата, ќе ја заврши сезоната како последнопласиран тим во Серија Б и ќе му бидат одземени сите бодови.

Во плеј-офот за влез во калчото, наместо Палермо ќе игра Перуџа. Во Серија Б, пак, ќе опстане тимот на Венеција. Од редовите на Палермо најавија дека ќе ја обжалат пресудата.