Шок за „модрите“: Шериф го наполни Динамо и е пред портите на ЛШ! (ВИДЕО)

Непријатен шок доживеа тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски! Шериф Тираспол го уништи Динамо Загреб во Молдавија (3-0) и гледа кон групната фаза во Лигата на шампионите!

  • Шериф Тираспол - Динамо Загреб 3-0:

„Модрите“ од Хрватска важеа за фаворити на оваа средба. Но, потфрлија. Молдавскиот првак ја повтори играта од натпреварот со Црвена Звезда и на тимот кој редовно игра на големата европска сцена му даде три гола, кои на реваншот на „Максимир“ ќе бидат пеколно тешки да се наполонат ако се игра во ваков ритам. Шериф го лови деби-учеството во групите на ЛШ. Претходно, тимот има играно само во Лига Европа.

Уште од стартот на мечот Шериф тргна да прави притисок, а во еден момент бараше и пенал. Во оваа фаза има ВАР, се прегледуваше снимката, ама не се покажа на белата точка. По една пропуштена шанса на Динамо во 35. минута, темпото на игра пак падна, а пред крајот на првиот дел Кристијано го проигра Адама Траоре, а тој го совлада Ливаковиќ за предност на домашните.

Во вториот дел се очекуваше поактивен Динамо, но во 54. минута следеше втор шок, кога погоди Коловос. Хрватскиот тим очајно се обидуваше да даде гол, но не успеа во тоа, за нова казна да пристигне во 80. минута преку Траоре за конечни 3-0.

Стефан Ристовски тргна од првата минута и одигра цел натпревар, додека Аријан Адеми не беше во протколот поради повреда.

  • Монако - Шахтјор Доњецк 0-1:

Монако ги разочара своите фанови и на домашен терен загуби од Шахтјор Доњецк (0-1). Единствениот гол на натпреварот во кнежевството на стадионот „Луј Втори“ го постигна Педрињо во 19. минута.

  • Салцбург - Брондби 2-1:

Австриски Салцбург во финишот спречи непријатност и го победи дански Брондби (2-1). Гостите водеа на паузата благодарение на голот на Уре во 4. минута, а во вториот дел, Адејеми и Аронсон донесоа пресврт-победа.

Состави

Roberto Bordin

4-2-3-1

    Igor Biscan

    4-1-4-1