Шок за „модрите“: Адеми има две понуди и побарал да си замине од Динамо!

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми на клупскиот состанок попладнево изразил желба да го напушти „Максимир“ и Динамо Загреб .Адеми пристигнал во клубот со својот агент Ники Вуксан и во разговор со Анте Чачиќ и членот на Управниот одбор, Крешимир Антолиќ го известил клубот дека има две сериозни понуди кои го задоволуваат и според кои и Динамо треба да заработи на име обештетување.

Новиот спортски директор и член на Управниот одбор, кому клупското собрание му изгласа недоверба, наводно го одбил барањето на Адеми, кој малку подоцна истото го повторил во разговор со претседателката Влатка Перас.

Хрватските медиуми пишуваат дека капетанот Адеми бил исклучително погоден од гласините дека пред неколку месеци член на Управниот одбор испраќал пораки до новинарите, во кои го доведува во прашање квалитетот на капетанот. Овие информации ги откри Здравко Мамиќ за медиумите на прес-конференцијата минатата недела.

Медиумите блиски до Динамо се убедени дека одлуката е донесена и Адеми во 2023 година ќе носи друг дрес. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.