ВИДЕО: Шок за Ливерпул – Алисон прими гол директно од КОРНЕР! 

Екипата на Ливерпул по лошо ќе го памети денешниот старт на мечот против Барнли, кој се игра во рамки од 30. коло на Премиер лигата. 

„Црвените“ на „Енфилд Роуд“ како големи фаворити го пречекаа цврстиот Барнли, но по сами шест минути игра следуваше шок за домашните фанови, откако Ешли Вествуд успеа да го надмудри Алисон директно од корнер и да донесе гостинско водство од 0-1. 

Сепак, голот на Барнли сигурно ќе крене многу прашина кај приврзаниците на Ливерпул, бидејќи при корнерот на Вествуд, Алисон беше во сендвич од тројца противнички фудбалери, но Маринер се реши да покаже на центарот. 

Сепак, пулените на Јирген Клоп за краток период направија резултатски пресврт и со головите на Фирмино и Мане имаат водство од 2-1.