• Мартин Танасковски

Една од главните теми по убедливата победа на Манчестер Сити против Салфорд во третото коло од ФА Купот беше Кајл Вокер. Тимот на Пеп Гвардиола победи со 8-0, а Вокер го немаше во тимот.
„Во неговиот ум, тој е подготвен да ја истражи можноста да замине во друга земја, да ги одигра последните години на друго место. Постојат неколку причини за тоа. Пред два дена ни кажа дека сака да ја заврши кариерата на друго место. И затоа повеќе сакам да имам играчи на теренот кои се тука со умот“, изјави Гвардиола.
Вокер освои 17 трофеи со Сити - вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тој во клубот пристигна од Тотенхем во 2017 година за 50 милиони фунти.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.