• Саше Љолес

Она од кое стравуваа многу фудбалски фанови ширум светот конечно доби и официјална потврда. Амбасадорот на Саудиска Арабија во Велика Британија изјави дека Светското првенство во 2034 година дефинитивно ќе мине без консумирање алкохол!
Оваа азиска земја строго забранува пиење алкохол и продажба во продавниците, па и покрај напорите на многу организации за евентуално организирање на фан-зони со пиво и друг алкохол, тоа сепак нема да се случи.
„Во овој момент нема разговори за специјални фан-зони со алкохол. Мислам дека нема да го копираме Катар и ќе се придржуваме до нашите строги закони. До Мундијалот има многу време, но не верувам дека нешто ќе се промени во овој сегмент“, изјави принцот Калид Бин Садар.
Голем дел од фановите уште од сега најавуваат дека немаат намера да патуваат во Саудиска Арабија, па како тоа ќе се одрази врз посетеноста на стадионите, останува да видиме.