Шок за Де Зерби: Јапонската ѕвезда на Брајтон во „аут“ до крајот на сезоната

Јапонската ѕвезда на Брајтон, Каору Митома, доживеа тешка повреда на грбот и половината и ќе го пропушти остатокот од сезоната, јавуваат англиските медиуми. „Самурајот“ беше еден од клучните играчи во ростерот на Роберто Де Зерби, но сега го чека подолга пауза и ќе мора веднаш да замине на рехабилитација. 

Информацијата ја потврди и италијанскиот стратег, а навивачите се во шок и испратија пораки со искрени желби за брзо закпренување. Митома беше многу важна алка во тимот и сезонава имаше солиден учинок од три гола и четири асистенции во Премиер лигата, а уште подобар беше минатата година, кога се наметна како еден од лидерите на тимот. 

Јапонскиот репрезентативец играше и на позајмица во белгискиот Унион Ст. Жилоа, а кариерата ја започна во домашниот Кавасаки Фронтејл. За него беа заинтересирани повеќе силни премиерлигаши, како и неколку други гиганти од ТОП-5 лигите.