Шок за Брајтон: 24-годишник замина во пензија поради срцеви проблеми!

Англискиот премиерлигаш Брајтон сподели шокантни информации, поврзани со Енок Мвепу.

24-годишникот поради срцеви проблеми мора да стави крај на играчката кариера. На играчот од Замбија кој беше стандарден на средината на премиерлигашот му се дијагностицирани проблеми со срцевата работа, па поради тоа нема да може професионално да се занимава со спорт. 

„Момче од мал град во Замбија наречен Чамбиши има вести вести. Стоеше храбро и го следеше својот сон да игра фудбал на највисоко ниво, а по желба на Бог го исполни тоа. 

Некои соништа сепак доаѓаат до крајот, па со огромна жал морам да најавам дека ќе ги „закачам копачките на клин“ поради совети на медицински стручњаци“, се обрати Мвепу преку клупските мрежи.

Во редовите на Брајтон, Мвепу пристигна од Салцбург минатото лето за 23 милиони евра. За премиерлигашот момчето од Замбија запиша 27 настапи, даде три гола и седум асистенции. Сепак, прерано ќе мора да се откаже од фудбалскиот сон.