Шок за Барбарез: Босанците останаа без важен напаѓач за Мундијалот во САД?

Фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Харис Табаковиќ, заработи повреда на натпреварот од Бундеслигата против Хофенхајм, напуштајќи го теренот уште во 34. минута. 

Табаковиќ успеа да се запише во листата на стрелците, но го напушти теренот во грч и болка - момент што најмногу ги загрижи навивачите на Босна и Херцеговина, која ја очекува настап на Светското првенство. 

Офанзивниот фудбалер ќе изврши дополнителни прегледи, но јасно е дека постои голема веројатност да го пропушти најважниот фудбалски турнир на планетата. Евентуалното отсуство на Табаковиќ би бил голем удар за тимот и за селекторот Сергеј Барбарез, кои ќе мораат да се снаоѓаат без еден од најважните играчи во тимот. 

Табаковиќ сезонава постигна тринаесет голови во Бундеслигата и се очекуваше да биде меѓу првите „ударни игли“ во нападот на Босанците.