• Саше Љолес
Екипата на Арсенал им приреди шок на своите навивачи и загуби од Борнмут со конечни 1-2 (1-1) во натпреварот од 32. коло на англиската Премиер лига.
- Извештај од натпреварот:
„Топчиите“ одиграа блед меч и не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога, губејќи значајни бодови во трката за шампионската титула. Гостите поведоа во 17. минута со голот на Ели Жуниор Крупи, но Арсенал се врати до паузата со прецизно изведениот пенал на Виктор Ѓокереш.
Очекуваа домашните фанови голема офанзива во второто полувреме, но Борнмут повторно покажа дека е многу незгоден противник и не дозволуваше лесен приод кон голот. Во моментите кога се чинеше дека Арсенал притисна малку посилно, гостите приредија шок на трибините на „Емирати“, постигнувајќи втор погодок.
Мрежата ја затресе Алекс Скот, кој биеше прецизно во 70. минута, со што му го искомпликува планот на домаќинот. Се обидоа играчите на Микел Артета со сите сили да дојдат барем до израмнување, но Борнмут успеа да го затвори мечот и победи со конечни 2-1.
Арсенал сега има девет бода повеќе од Манчестер Сити, но и два натпревари повеќе од „граѓаните“. Трката за титулата во Премиер лигата дополнително се разгорува во пресрет на последните шест кола.







