Шок во Загреб, Брекало претставен на „Пољуд“ пред повеќе од 30.000 навивачи!

Јосип Брекало и официјално е нов играч на Хајдук Сплит. Играчот на Фиорентина пристигна на „Пољуд“ како позајмен од италијанската Фиорентина, а неговото доаѓање во клубот го поздравија повеќе од 30.000 навивачи. Брекало се појави на теренот заедно со Иван Перишиќ, кој пред неколку дена се врати во родниот град од Лондон, каде играше за англискиот Тотенхем. 

Претставувањето се случи пред почетокот на натпреварот од 20. коло против Ријека, а домашната публика со овации го поздрави новиот член на сплитскиот гигант. Хајдук е лидер на табелата во Хрватска и има огромни шанси за шампионската титула, а доаѓањето на Брекало се чини дека ја „прели чашата“ кај фановите на најголемиот ривал, Динамо, кои се крајно разочарани од овој трансфер. 

Играчот од средниот ред беше многу близу до договор со „модрите“ и требаше да се врати во клубот каде што ја започна кариерата, но навивачите на Динамо се гневни и на социјалните мрежи пишуваат дека хрватскиот репрезентативец „им забил нож в грб“, а некои го нарекуваат и „проклет предавник“. 

Јосип Брекало ги мина сите младински категории во Динамо, а потоа замина на печалба во Волфсбург. Мина низ позајмици во Штутгарт и Торино, а во Фиорентина пристигна минатата година и настапи на 17 натпревари за „виолетовите“. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.