• Горан Упале

Фудбалска Турција е завиена во црно, откако еден фудбалер им подлегна на повредите при сообраќајна несреќа во Динек.
Имено, тимот на Аланијаспор синоќа играше на гости против Кајзериспор (1-1), а по мечот тренерот на тимот им даде два слободни денa на своите фудбалери. Некои од нив се решиле со минибус да се вратат во Аланија, но на пет километри од центарот на градот излетале.
Баиано, Џалма, Ајзак Секи, Стивен Колкер, Папис Сисе и Велинтон се здобија со тешки повреди, додека несреќата беше кобна за чешкиот репрезентативец Жозеф Шурал, кој и покрај напорите на докторите и напрaвените операции им подлегнал на повредите.
Останатите седум фудбалери на Аланија се задржани на болница, а засега нема информација дали некој од нив е во животна опасност.