Шок во Струга: Управата се раздели со Ибраими, се враќа во Шкендија!?

Актуелниот македонски првак Струга Трим Љум ги заврши настапите во Европа, а според најавите завршена е и соработката со најдобриот играч Бесарт Ибраими.

Како што објави македонскиот медиум на албански јазик „Инфоспорт“, Струга ја прекинала соработката со Бесарт Ибраими. Детали во објавата не се наведени, но доколку оваа вест се потврди тоа ќе биде голем удар за Струга.

Неофицијално, Бесарт Ибраими гледа кон враќање во Тетово. Опција за неговиот потпис е Шкендија која сака пак да биде на тронот во мак-фудбалот, а како главен адут го гледа најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ.

Ибраими беше дел од Струга Трим Љум од 2022 година. 37-годишникот претходно играше за Ксанти од Грција, Ермис и Енозис од Кипар, Таврија, Металург Запорожје, Севастопол од Украина, германски Шалке 04, а во Македонија беше дел и од Шкендија, Ренова, Напредок и Велазерими.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.