Шок во ПСВ: Ван Нистелрој си замина на коло пред крајот

Екипата на ПСВ Ајндховен остана без тренер затоа што Руд ван Нистелрој реши да си замине пред крајот на сезоната во Ередивизие.

Некогашниот напаѓач, а сегашен тренер, му соопштил на клубот дека сака да си замине и управата на гигантот од Ајндховен не му застанала на патот. Со екипата на ПСВ Ајндховен, тој успеа да го освои Суперкупот на Холандија.

До крајот на холандскиот шампионат има уште едно коло. Во дербито против АЗ Алкмар, ПСВ Ајндховен ќе го предводи Фред Рутен.