Шок во Италија: Навивачи среде програма ја удираа згодната репортерка по задникот (ВИДЕО)

Токму во викендот кога играчите, тренерите и официјалните лица на натпреварите во Италија излегоа на терените со црвена линија на своите лица, која ја симболизира борбата против семејното насилство особено врз жените, доаѓа шокантна снимка. 

Имено, по натпреварот на „Карло Кастелани“ меѓу Емполи и Фиорентина (2-1), на еден од излезите од стадионот во живо во програма беше репортерката Грета Бекаља. Тогаш, дел од навивачите кои минуваа покрај неа решија сексуално да ја вознемират и ја удираа по задникот. 

  • Шокантното видео од пред стадионот на Емполи: 

Иако самата новинарка извикуваше: „Извинете, ама тоа не смеете да го правите, навистина не смеете“, тоа не спречи уште неколку навивачи да го повторат делото. Ова видео предизвика бурни реакции во Италија, особено поради тоа што доаѓа токму во викендот кога се нагласува битката за насилството против жените...