Шок во Италија: Јуве ќе го претстави Роналдо - зад затворени врати!

Јувентус презентација

Италијански „Тутоспорт“ разочара огромен број на фанови, кои овој понеделник планираа да бидат дел од спектаклот на „Јувентус стадиум“.

Имено, спортскиот медиум информира дека „старата дама“ одлучила да не прави специјална презентација на своето ново засилување, Кристијано Роналдо, пред своите навивачи, туку тоа ќе го направи зад затворени врати. На истата би присуствувале само членови на медиумите и тоа во салата за прес-конференции на стадионот во Торино.

Според првичните информации, клубот сака да ја задржи својата традиција на приватни претставувања на новите фудбалери.

Тоа значи дека Кристијано нема да биде пречекан како пред девет години на „Сантијаго Бернабеу“, каде присуствуваа околу 80.000 навивачи.