Шок во фудбалот: Почина од срцев удар на 28 години, не ги послуша советите за пензија!

Фудбалерот од Гана, Рафаел Двамена, доживеа срцев удар на натпревар во Албанија и почина на 28-годишна возраст, информираа од екипата на Рогажина чиј член беше изминатата сезона.

Двамена, кој беше капитен на Егнатија во чии редови настапува и македонскиот фудбалер Зејнулаи, колабира во 23. минута на натпреварот против Партизан. Веднаш беше префрлен во болница, меѓутоа лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

Ганецот кариерата ја почна во татковината, а во 2014 година замина во европскиот фудбал. Беше дел од австриски Лиферинг, Австрија Лустенау, Цирих, шпански Леванте и Сарагоза, а во Шпанија му констатирале проблеми со срцето.

Целиот момент се случил во 2019 година. Тогаш, лекарите му препорачале итна пензија од спортот. Двамена не ги послушал, вгради дефибрилатор, па продолжи со кариерата во дански Велје и австриски Линц, каде колабираше на терен во 2021 година и една година паузираше.

Двамена се врати на фудбалот во Швајцарија каде играше за Олд Бојс, па следеше трансфер во Егнатија во јануари 2023 година. Ова беше неговата последна станица.