Шок во фудбалот: Почина екс-тренерот на Шкупи, Младен Жижовиќ!

Тажна вест се прошири во фудбалот! Поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ, почина откако му се слоши на натпревар, објавија медиумите од Србија.

Жижовиќ го презеде Раднички пред десет дена, а за време на натпревар во шампионатот против екипата на Младост му се слошило на терен и бил веднаш пренесен во болница со возило на брзата помош. По дваесетина минути, пристигнала најлошата вест.

Младен Жижовиќ е роден во 1980 година. Беше играч на повеќе балкански клубови, играше од 1997 до 2016 година, а тренерската кариера ја почна една година подоцна.

Во Македонија работеше од 2023 до 2024 година во тимот на Шкупи. Исто така беше дел и од Борац Бања Лука, босанскиот клуб со кого испиша историја со пласманот во Европа и ги водеше македонските фудбалери Дамјан Шишковски и Бобан Николов.

Зад своето име, Младен Жижовиќ има и два настапи за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.