Шок од Шпанија: Меси ги стопирал преговорите, дали заминува од Барса?

Лионел Меси

Во периодот кога Барселона ги минува најтешките моменти оваа сезона, Лионел Меси преговара за нов договор со екипата до 2023 година.

Меѓутоа случувањата на теренот, во соблекувалната и постапките на челниците на клубот го натераа да се премисли и да ги стопира преговорите, пишуваат шпанските медиуми. Наводно, Аргентинецот е уморен да гледа како му минуваат годините, а не добива можност да биде дел од победнички проект на „Камп Ноу“.

Каталонците разочаа по рестартот на Примера и ремизираа во три наврати. Со тоа му овозможија на Реал Мадрид да се врати на врвот и да изгради солидна предност на пет кола до крајот.

Очекувањата се огромни од Меси, а тој во овој период од кариерата не може сам да го носи целиот товар. Помош не добива, клубот прави непромислени трансфери, а последниот е доведувањето на Пјаниќ, кој има 30 години, на местото на Артур, кој е на самиот почеток од кариерата и требаше да биде иднината на средниот ред на Барса.

Сега е сигурно дека односот на аргентинскиот ас и претседателот Бартомеу влијае на неговиот нов договор. Би било огромно изненадување ако Меси си замине, што малкумина веруваат дека ќе се случи, барем не ова лето.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.