• Мартин Танасковски
Екипата на Саутемптон е исфрлена од плејофот за пласман во Премиер лигата по одлука на дисциплинската комисија, откако клубот признал повеќекратни прекршувања на правилата на ЕФЛ поврзани со неовластено снимање тренинзи на противнички екипи.
Како последица на одлуката, Мидлсброу сега ќе игра против Хал Сити на 23 мај. Дополнително, Саутемптон доби и казна од минус четири бода за сезоната 2026/27.
Од клубот признале дека ги прекршиле правилата за набљудување тренинзи во рок од 72 часа пред официјален натпревар. Во истрагата биле опфатени натпреварите против Оксфорд Јунајтед во декември 2025, Ипсвич Таун во април 2026 и Мидлсбро во мај 2026.
Иако санкцијата е веќе објавена, Саутемптон има право на жалба, а според најавите сите страни сакаат случајот да биде затворен до 20 мај.


