Шок и неверување во Франција: Почина тренерот на Брест!

Францускиот фудбал е завиен во црно, откако на 58-годишна возраст почина Ерик Рој, потврди неговото семејство.

Се работи за фудбалски тренер кој од 2023 го водеше Брест од Лига 1. Рој зад себе остави богата кариера и како фудбалер и како тренер.

Во текот на играчките денови настапуваше за Ница, Тулон, Олимпик Марсеј, Олимпик Лион, Сандерленд, Троа и Рајо Ваљекано, оставајќи трага во францускиот и европскиот фудбал.

Тренерската кариера ја започна по завршувањето на играчките денови, а работеше во повеќе улоги во францускиот фудбал. Беше тренер на Ница во периодот од 2010 до 2011 година, а во 2023 година седна на клупата на Брест. Токму со Брест го постигна најголемиот успех во кариерата, откако го предводеше клубот до историски пласман во Лигата на шампионите и го вброи меѓу најпријатните изненадувања во француската Лига 1.

Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции во фудбалската јавност, а клубови, поранешни соиграчи и навивачи се простуваат од човекот кој остави значаен белег во францускиот фудбал.