ВИДЕО: Шок во Каиро, Јужна Африка ги исфрли Салах и Египет од Купот на Африка

Африканскиот Куп на нации дефинитивно е натпреварување на изненадувања ова лето. Откако вчера надвор од турнирот остана Мароко, денес елиминации претрпеа Камерун и Египет. Домаќинот на турнирот пред преполн стадион во Каиро загуби од Јужна Африка со 0-1 (0-0) и уште во осминафиналето го заврши својот настап. 

Лорч во 85. минута го постигна единствениот гол и го заврши турнирот на „фараоните“. Салах играше повреден, момците на Агире тешко создаваа шанси и на крајот беа казнети за калкулантската игра. 

  • Извештај од натпреварот: 

Противник на Јужна Африка во четвртфиналето е Нигерија, која попладнево го совлада бранителот на титулата Камерун. Утре и в понеделник се играат преостанатите четири натпревари од осминафиналето на Купот на Африканските нации.