• Сашо Поповски

Роберт Левандовски денес беше претставен како нов напаѓач на екипата на Барселона. Полскиот фудбалер пристигна од Баерн Минхен и е најзвучно засилување за шпанскиот тим ова лето.
За време на презентацијата, новата „деветка“ на Каталонците му оддаде чест на Роналдињо и направи неколку трикови во негов стил.
Барса ќе ја отвори новата сезона во Примера со натпревар против Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.