• Иван Димовски
Фудбалерите на Аталанта се посрамотија на последниот пријателски натпревар, бидејќи одиграа нерешени 3-3 против Опатија.
Хрватскиот второлигаш направи голем подвиг за себе, иако станува збор за пријателски натпревар. За Аталанта стартери беа неколку првотимци како Скамака, Самарџиќ, Косуну, Брешанини, ама и покрај тоа важеше за огромен фаворит.
Резултатот го отвори Камалден Сулемана, а израмнување за Хрватите донесе Злибановиќ. Следуваше ново водство на Аталанта во 34. минута, овојпат преку Ибрахим Сулемана, ама во судиското продолжение на првото полувреме Злибановиќ повторно израмни.
На стартот на второто полувреме Ајаџи донесе дури и водство за Опатија, а за италијанскиот клуб да избегне срам се погрижи Лазар Самарџиќ од белата точка.
Опатија во летните подготовки претходниот месец ремизираше и со Удинезе.



