Шкупи закажа престижен пријателски натпревар против Бешикташ

Врската на лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкупи со турскиот фудбал е голема. Сопствениците на клубот од Чаир се Турци и ќе ја продлабочат соработката со клубови од турската Суперлига.

Шкупи идниот месец ќе одигра пријателски натпревар против турскиот гигант Бешикташ на гостински терен. Гостувањето во Истанбул на „Водафон парк“ е закажано за 11 ноември. Бешикташ е првак на Турција, витрините на клубот од познатата населба од европскиот дел на Истанбул ја красат 21 титула, а во играчкиот кадар се ѕвезди како Пјаниќ, Батчуаји, Вида...

По девет одиграни кола во ПМФЛ, Шкупи води на табелата со 20 бодови, два повеќе од второпласираната Ренова, а Бешикташ по осмото коло во турската Суперлига е третопласиран со 17 бодови, два помалку од лидерот Фенербахче.