ВИДЕО: Шкупи водеше, но одигра само реми со косовска Дрита

Екипата на Шкупи на контролен натпревар ги испроба повторно новите засилувања, но одигра реми со косовскиот прволигаш Дрита од Гњиљане (1-1).

Чаирчани водеа во првото полувреме, но не успеаја до финишот да ја задржат предноста. Во мечот во кој настапија Илијоски и Љамчевски, а по подолга пауза се врати и Буњамин Шабани, Шкупи водеше со погодок на Јашаровски, додека Дрита дојде до реми со гол на Фазлиу.

За чаирчани ова беше последен пријателски меч пред заминувањето за Анталија, каде се оди в понеделник.