Шкупи во ЛШ има поволни ривали од Гибралтар, Велс, Луксембург, Финска, Ирска...

По комплетирањето на домашните шампионати, познати се сите ривали во Лигата на шампионите со кои може да се соочи македонскиот првак Шкупи.

Чаирчани доминантно ја освоија титулата, но на ждрепката ќе имаат статус на неносители поради слабиот европски коефициент. На листата има петнаесет потенцијални ривали, меѓу нив има и неколку големи имиња со европско искуство низ годините.

  • ПОТЕНЦИЈАЛНИ РИВАЛИ НА ШКУПИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ:

Карабах (Азербејџан)
Малме (Шведска)
Лудогорец (Бугарија)
Шериф Тираспол (Молдавија)
Клуж (Романија)
Бодо Глимдт (Норвешка)
Ференцварош (Унгарија)
Марибор (Словенија)
Слован Братислава (Словачка)
ХЈК Хелсинки (Финска)
ТНС (Велс)
Дуделанж (Луксембург)
Жалгирис (Литванија)
Линколн Ред Импс (Гибралтар)
Шамрок Роверс (Ирска)

Во редовите на македонскиот првак засега ја немаат желбата затоа што Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе ги подели екипите по групи, односно кој може да игра против кого непосредно пред ждрепката. Но, сигурно е дека најповолни опции се прваците на Гибралтар, Велс, Луксембург, Ирска, Финска... 

Ждрепката за Лигата на шампионите е закажана на 14 јуни во Нион.