Шкупи стои на патот на Пелистер и неговиот опстанок во лигата

Битолски Пелистер ќе има можност да му се реваншира на Шкупи за дебаклот пред една недела, во кој скопскиот тим победи со убедливи 5-2. Екипата од Чаир со триумфот се врати во игра за излез во Европа, но се чини дека шансите се минимални со оглед на тоа што преостануваат уште две кола, а Работнички има одлична можност да ја задржи предноста до крајот на сезоната.

Победата над вечниот ривал Вардар пред три дена донесе голема доза на самодоверба во таборот на битолчани, кои веруваат дека имаат квалитет да се изборат за бараж натпревар. За тоа да го направат ќе мора да слават не двата последни натпревари од сезоната, а првиот од нив ќе биде гостувањето на Шкупи во Битола. Екипата на Зекирија Рамадан не знае за неуспех на последните пет меча, па тоа дополнително ќе ја отежни работата на пелистерци.

Со исклучок на натпреварот пред една недела, останатите два меча сезонава помеѓу овие две екипи завршија без победник. Но, тие се одиграа во првиот дел од сезоната, кога Шкупи беше без зимските засилувања. 

Уште потешка задача за битолчани ќе биде последното коло, кога ќе мора да патуваат во Тетово и да се надигруваат со шампионската екипа на Шкендија. Чаирчани ќе ја заокружат сезоната со дербито против Вардар пред својата публика.