• Иван Димовски
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/12/10/zlatkov-pinter.jpg?itok=9gwvRj1S)
Фудбалскиот клуб Шкупи објави крај на соработката со двајца фудбалери, а тоа се Алекс Златков и Михал Пинтер.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија пристигна во Шкупи во 2022 година од словенечки Триглав, а потоа мина шестмесечна позајмица во Македонија Ѓорче Петров. Оваа сезона Златков настапи само еднаш за екипата на чаирчани.
Од друга страна, Михал Пинтер пристигна во клубот пред година и половина, вкупно за Шкупи забележа 42 натпревари и постигна еден гол.
Шкупи им се заблагодари на Златков и Пинтер за придонесеното во дресот на клубот.