Шкупи со бесплатни билети ги мотивира навивачите да дојдат во што поголем број против Пјуник

Екипата на Шкупи прокоцка победа на гостувањето во Ерменија (3-3), но сепак значително ги задржа шансите за пласман во второто коло на квалификациите за Лига Европа. 

В четврток на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“ ќе гостува тимот на Пјуник, а од редовите на чаирчaни се решени овој дуел да биде вистински спектакл за фудбалските фанови. 

Доказ плус за тоа е фактот што донесоа одлука билетите да бидат бесплатни, но мораат навремено да бидат набавени за да се запазат правилата на УЕФА. Моментално, билети се делат на стадионот „Чаир“, но во наредните денови истите ќе бидат достапни и да други места ширум Скопје

Дуелот меѓу Шкупи и Пјуник се игра в четврток со почеток од 20:30 часот.