• Мартин Танасковски

Македонскиот прволигаш Шкупи промовира ново младо име во својот тим и објави дека потпишува договор со Белул Елмазоски.
Се работи за 21-годишен играч за кого нема премногу информации на интернет, а од клубот објавија дека доаѓа од Италија каде насапувал за повеќе нисколигаши и низ различни фудбалски академии во земјата.
Елмазоски има потекло од Струга, а игра на позицијата крилен напаѓач. Има македонски пасош, така што ќе биде регистриран како домашен играч во Шкупи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.