• Горан Упале
Македонскиот прволигаш Шкупи се пофали со уште едно ново име, на само еден ден од стартот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
На „Чаир“ се пресели Џелил Асан, 28-годишен фудбалер со богато меѓународно искуство. Во својата кариера досега настапувал за СКА Хабаровск во Русија, Питсбург во Соединетите Американски Држави и Торпедо во Белорусија. Исто така, Асан има искуство во Албанија носејќи ги дресовите на Билис и Ерзен, додека во Македонија настапувал за Шкендија, Велазерими и Металург.
Шкупи новата сезона ќе ја започне со нов спонзор, откако раководството на клубот потпиша соработка со компанија лоцирана во северен Кипар која се занимава со хотелиерство под името „Паша Груп“.
Во првото коло чаирчани ќе се сретнат со Воска Спорт, натпревар кој е закажан за в недела од 15:00 часот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.