Шкупи се раздели со уште четворица фудбалери

Македонскиот прволигаш Шкупи пред стартот на подготовките за Лигата на Европа реши да се раздели со уште четворица фудбалери.

Дел од чаирчани повеќе не се Армел Браџи, Махарафа Тандина, Амир Билали и Ергин Абдул. Четворицата не се во плановите на тренерот Каран, па од Шкупи им се заблагодарија за учинокот и им посакаа многу среќа во иднина.

Претходно, од таборот на Шкупи си замина и Виктор Ангелов, кој иако беше еден од најдобрите играчи, сепак, дојде до разделба.

Шкупи заврши на четвртото место во ПМФЛ и ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.