Шкупи се израмни со Шкендија и Работнички, далеку на врвот е Вардар

Фудбалерите на Шкупи одиграа одлична сезона која ја заокружија со шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Избраниците на Гоце Седлоски покажаа најмногу и заслужено се израдуваа на трофејот. Првото место никогаш не им беше доведено во прашање, со оглед на лошата форма на големите конкуренти.

Ова е четврти шампионски трофеј за Шкупи, кој ја наследи историјата на Слога Југомагнат, која во минатото три пати беше шампион на Македонија. Со тоа клубот од Чаир се израмни со Шкендија и Работнички со по четири одличја во домашното првенство. На врвот со единаесет титули неприкосновен е Вардар, кој не успеа да се врати во елитата и извиси во битката со Воска Спорт

Елитата ја напуштаат Пелистер и Борец, а Тиквеш и Скопје ќе бркаат опстанок во лигата преку бараж натпреварите.