Шкупи се договори со Арис, Адем уште шест месеци на „Чаир“

Екипата на Шкупи доби добри вести пред првата прозивка во Новата година затоа што еден од главните играчи во средниот ред, Али Адем, ќе биде дел од „галебите“ и во следниот период.

Адем беше на позајмица од тимот на Арис која истече во месец декември. Играчот беше на прагот да се врати во Грција, меѓутоа од неговиот клуб се согласија на барањето на Шкупи тој да остане дел од чаирчани и во следните шест месеци.

Одлична вест за тренерот Гоце Седлоски, кој добро го познава Адем и ги знае неговите квалитети. Присуството на младиот играч во средниот ред сигурно е дека многу ќе значи за Шкупи, кој работи да го има „костурот“ на тимот до крајот на сезоната.

Шкупи заврши како есенски првак, а ако се суди според досегашното, зрел е да стане шампион на Македонија и да игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.