Шкупи „раскина“ со Данфа, но тој ќе остане во мак-фудбалот!?

Екипата на Шкупи се ослободи од еден од странците и спогодбено го раскина професионалниот договор со Мамаду Данфа од Сенегал.

21-годишниот крилен играч не играше на последната средба со Динамо Загреб, а исто така не беше во тимот и на гостувањето кај Шамрок Роверс. Договорот меѓу двете страни спогодбено е раскинат и тој ќе бара нов клуб.

Досегашните најави се дека тој може да остане во ПМФЛ. Има интерес од неколку екипи, но останува да се види дали Данфа ќе се договори со некоја од нив. Сенегалецот дојде во Шкупи од Колос Ковалинка од Украина во февруари 2022 година.

Покрај за украинскиот клуб, Данфа играше и за Каса Спортс во Сенегал.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.