Шкупи против Санта Клара во Португалија пред „невозможна мисија“

Шкупи го мина првото коло во Конференциската лига на УЕФА преку косовски Лапи (славеше во Скопје со 3-0, во Приштина одигра 1-1), а ждрепката посака да вкрсти копја со силната Санта Клара која одигра перфектно во првиот натпревар во Македонија и реваншот на Азорските острови ќе го чека само како формалност.

Сите квоти за натпреварот меѓу Санта Клара и Шкупи

Три гола во мрежата прими тимот на Гоце Седлоски во првиот натпревар пред својата публика. Шкупи влезе амбициозно и мотивирано, арно ама Санта Клара, која во португалската лига им одолеа и на Бенфика и на Порто и на Брага, покажа дека се работи за моќен колектив и дека португалскиот фудбал е светлосни години пред македонскиот.

Трите гола во мрежата на Кристијан Наумоски (0-3) даваат шанса за Санта Клара да има мирен реванш. Според најавите, тренерот на португалскиот тим кој го оствари најдобриот пласман во историјата, Даниел Рамос, ќе одмори дел од првотимците за предизвиците кои следат. Гоце Седлоски на располагање ќе ги има сите фудбалери, а меѓу регистрираните е и новото засилување Марјан Радески кој пристигна како слободен откако претходно се раздели со Академија Пандев.

Квоти за сите останати натпревари во квалификациите за КЛ

Македонските екипи досега двапати гостувале во Португалија и двапати се враќале со порази. Во 1987 година Вардар гостуваше кај тогашниот европски првак Порто и загуби со 0-3, додека во 2002 Беласица се соочи со Лешоеш и доживеа нешто поскромен пораз (1-2). Според сите очекувања, слично треба да мине и Шкупи. Реално, разликата во квалитетот меѓу двата тима е огромна. Очекуваме сигурна победа на домашниот тим, а исто така да паднат и најмалку три гола на натпреварот.