• Зоран Мишевски

Подготвителниот период на македонските екипи во Анталија носи променливи резултати. Во тест дуел против романскиот второлигаш Конкордија Кјажна, последниот ПМФЛ-шампион, Шкупи, попладнево загуби со 4-2.
Во рамките на подготвителната фаза од петнаесет дена во Анталија, екипата на Гоце Седлоски претрпе пораз од новиот клуб на Мирко Ивановски. Македонскиот интернационалец пред некој ден од Плоешти му пристапија на еден од најсериозните кандидати за промоција во романската екипа, па денес беше поштеден од минути во дуелот со чаирчани.
Руческу постигна два гола, а по еднаш погодија Кристеа и Чиерка за романскиот клуб. Стрелци на головите за Шкупи беа Марио Младеновски и Леон Селими.
Чаирчани претходно ја совладаа Олександрија со 2-1 (1-0). Пахтакор од Узбекистан е следниот предизвик на чаирчани на турските подготовки.