• Мартин Танасковски

Македонскиот прволигаш Шкупи го одигра првиот тест-дуел за време на летните подготовки и со 2-0 (0-0) славеше над косовскиот првак Дрита.
По првиот дел без голови, чаирчани дојдоа до посакуваниот триумф пред својата публика која броеше околу 1.000 гледачи со погодоците на Омар Имери и Сухељ Муареми.
Шкупи настапи во состав Зендели, Типуриќ, Кривањева, Ндонг, Бајрами, Сефо, Стојковски, Адем, Шабани, Илијоски и Велиу, а во игра влегоа уште Нухиу, Рамадани, Билали, Ондо, Љамчевски, Вујчиќ, Броја, Исмаили, Муарем, Муареми и Имери.