• Иван Димовски
Фудбалскиот клуб Шкупи го потпиша договорот со новиот генерален спонзор, компанијата „Паша Груп“. На официјална прес-конференција беа претставени идните планови на клубот со новиот спонзор.
Покрај стандардните спортски планови, претседателот на чаирчани Олгун Алтај најави дека ќе се гради и мулти-функционален спортски комплекс. Шкупи ќе добие свој „дом“, се зборува за комплекс кој ќе поседува три фудбалски терени, сместувачки капацитети, кујна, конференциски сали, теретана и сè што е потребно за професионално функционирање на еден клуб.
„Веќе имаме изготвен проект, кој може да биде значаен за фудбалот. Ова ќе биде мулти-функционален центар, компактен компекс кој ќе им служи на нашите спортисти во сите сфери на животот. Ќе има три спортски игралишта. Ова е само почеток, целта ни е со овој проект ова да прерасне во комплекс кој ќе може да го користат и останатите клубови, како и репрезентациите“, изјави првиот човек на чаирчани.
Поддршка за овој проект Шкупи ќе има и од Општина Чаир, која ќе помогне со изградба на еден од терените, а веројатно и целиот комплекс ќе се гради во границите на општината.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.