Шкупи остана без уште еден важен фудбалер, се раздели со Типуриќ

Екипата на Шкупи во вториот дел од подготовките направи промена и реши да го раскине договорот со босанскиот интернационалец Тони Типуриќ.

28-годишниот централен дефанзивец беше важен дел од ростерот на чаирчани, па спогодбениот прекин на соработката доаѓа како големо изненадување. Типуриќ одигра 18 меча во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ и даде еден гол, во дуелот со Беласица.

Типуриќ пристигна во Шкупи пред една година, како слободен фудбалер. Останува да видиме кој ќе биде следниот чекор на раководството на чаирчани и дали ќе се донесе соодветна замена во одбраната за Типуриќ.

Шкупи во овој преоден рок остана и без првотимците Кристијан Стојкоски, Благоја Љамчевски и Баже Илијоски.