Шкупи одигра втора „нула“, овој пат со Дрита

Шкупи одигра уште еден подготвителен натпревар во Скопје. Противник беше Дрита од Косово, но избраниците на Ќатип Османи не успеаја да го најдат патот до мрежата (0-0).

Чаирчани на два меча ниту дадоа, ниту примија гол. Имаа иницијатива на натпреварот со Дрита, меѓутоа фалеше реализацијата во клучните моменти. Покрај со овој тим, Шкупи ремизираше без голови и против Фљамуртари исто така од Косово.

Сега за Шкупи следи заминување во Анталија, каде ќе се играат исто така уште неколку пријателски средби за да се темпира формата. Тимот ќе престојува во Турција од 22 јануари до 6 февруари и загарантирани се четири пријателски.