Шкупи не сака да му се случи Шкендија, ќе го најде ли лекот за македонскиот „кошмар“!?

Екипата на Шкупи ќе го затвори денешниот ден на македонските претставници во квалификациите за Лигата на Европа. 

Чаирчани се во најповолна положба за учество во второто коло на најмасовното натпреварување на УЕФА, затоа што за разлика од Македонија ЃП и Академија Пандев, имаат реми од првиот меч, откако во Ерменија одигра фантастични 3-3 против Пјуник.

Ерменскиот претставник е добро познат за македонската фудбалска јавност и е вистински „кошмар“ за нашите клубови. Во минатото дури три мак-екипи „настрадале“ од Пјуник. Вардар, Победа и Тетекс беа немоќни во дуелите со Ерменците, па овој податок сигурно ќе биде мотив плус за фудбалерите на Каран вечерва да запишат историска победа. 

Но, за да се стигне до тоа мора максимална ангажираност во текот на сите 90. минути, бидејќи во спротивно може да им се случи Шкендија, која пред два дена неочекувано со гол во 90. минута беше елиминирана од Лигата на шампионите од тимот на Номе Каљу

Мечот меѓу Шкупи и Пјуник се игра на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:30 часот.