Шкупи му врачи отказ на Нухиу по само пет пролетни кола

Прволигашот Шкупи попладнево на големо изненадување на јавноста му врачи отказ на тренерот Ардијан Нухиу, иако клубот има само еден пролетен пораз, и тоа од лидерот Шкендија. Чаирчани освоија само шест бодови оваа пролет и како резултат на амбициите на клубот кои се повисоки, стигна тренерската смена. 

Нухиу од 2016 година го водеше клубот од Чаир, а го врзуваше и двегодишен договор со некогашниот шампион. Шкупи се наоѓа четвртата позиција во ПМФЛ, со 29 бодови од 23 натпревари. Во неделата екипата на Шкупи одигра 1-1 во Кратово, а претходно со истиот резултат заврши и скопскиот дуел со Работнички.

Помошниците на Нухиу, Јонуз и Абди ќе ја водат екипата до назначувањето на наследникот на Нухиу.