• Иван Димовски

Екипата на Шкупи стигна до титулата во Првата македонска фудбалска лига и поради тоа ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Во пресрет на тие натпревари, чаирчани се подготвуваат во Турција.
Шкупи закажа сериозна пријателска средба со истанбулскиот гигант Фенербахче, а пред стартот го покажа и новиот дрес за следната сезона. Домашната гарнитура наместо сината боја која беше стандардна, беше променета во бела.
Сините детали остануваат присутни, а интересно е што се присутни и сиви гулаби, што е симболично бидејќи тоа е и прекарот за Шкупи.