Шкупи ќе се тестира за Лига Европа со косовскиот шампион

Екипата на Шкупи го закажа првиот пријателски натпревар со кој ќе се тестира за квалификациите за Лига Европа, а противникот ќе доаѓа од Косово и ќе биде шампионот Дрита.

Шкупи активно ги одработува летните подготовки во полн состав откако на тимот му се приклучија Љамчевски, Илијоски, Вујчиќ и Броја, а тренерот Зекрија Рамадани го закажа првиот пријателски меч.

Дрита ќе гостува на „Чаир“ на 19 јуни, а дополнително ќе биде утврдена саатницата на мечот. Шкупи по 14 години обезбеди европско лето, откако претходно играше во тогашните квалификации за УЕФА Купот, како Слога Југомагнат.