ФОТО: Шкупи има моќна поддршка, 13.000 грла ќе грмат во Европа

Македонскиот претставник во Лигата на Европа, екипата на Шкупи, успеа во „акцијата“ со бесплатните билети и ќе има огромна поддршка на натпреварот против Пјуник во рамки на квалификациите за Лигата на Европа.

Чаирчани пуштија слободни билети, а досега подигнати се нешто околу 13.000 билети, или речиси целата Северна трибина, која е единствената која е пуштена во употреба. Шкупи има позитивен резултат од првиот натпревар (3-3), а на домашен терен има шанса да слави 2. коло.

Дуелот меѓу Шкупи и Пјуник стартува од 20:30 часот. Победникот од овој двомеч ќе се соочи со чешки Јаблонец.